Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тешка сообраќајка: Излета рено, меѓу повредените и малолетници

На 16.01.2024 во 18.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово – Општина Арачиново, кај с.Ново Село, кумановско, патничко моторно возило „рено“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од лице(25) од Куманово, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобиле сопатникот лице(48) и уште двајца малолетни сопатници, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило, деветмина возеле без возачка дозвола

ДЕСК

Левица: Македонија не смее да биде пасивен набљудувач за сопствената иднина – Муцунски и Мицкоски да се огласат по редлогот на Мерц

ДЕСК

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија поради неговите антимакедонски ставови

ДЕСК