22. јануари 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Бугарскатра блокада нема ништо добро да и донесе на Бугарија

Гоцевски: Геополитичките, воено стратегиските и геоекономските интереси на ЕУ, на НАТО и наСАД, јасно укажуваат на ставот за нивната определеност за зацврстување на независноста,суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Северна Македонија и дека Македонијае суверена држава членка на ООН и на НАТО со цврст став дека местото и е и во ЕУ. Толкаваподдршка се случува за прв пат во нашата историја. И затоа и ставовите на македонската држава заодбрана на свиоте државни и национални интереси, за заштита на континуитетот на идентитетот,јазикот, културата, традициите на македонскиот народ, се во согласност со геополитичките и состратегиските интереси на нашите сојузници и партнери.

Нашиот источен сосед ја блокира Македонија на патот кон ЕУ и иако оваа моментална политика спрема нас е спротивна на геополитичките интереси на САД, ЕУ и НАТО, сепак може да се извлече заклучок дека мотивот на Бугарија лежи во минатото и прикриено или отворено се сведува на територијални претензии што досега на Балканот на никому не му донела полза, па нема да и донесе и на Бугарија. Затоа Македонија како пример за мултиетничко општество и татковина на македонскиот народ и на сите останати заедници кои живеат во неа, вклучувајќи ја и бугарската заедница, ќе успее во оваа непринципиелна и неисплатлива политика која во 21-от век се` уште ја водат некои балкански држави.

(Интервјуиот со Проф. д-р Трајан Гоцевски Нова.мк интегрално ќе го објави утре на 9. Јануари 2024)

Извор: Novatv.mk