Centar.mk
фото Центар.мк
вестМАКЕДОНИЈА

Приведени крадци од Криволак, украдените предмети пронајдени и ќе бидат вратени на сопственикот

Вчера во 16.40 часот во село Криволак, неготинско, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишиле од слобода Н.Н.(20) и Ф.М.(20), двајцата од истото село. Тие се сомничат дека извршиле кражба, при што од објект во селото одзеле повеќе предмети, соопшти МВР.

Кај нив биле пронајдени одземените предметите, алатот со кој била извршена кражбата и патничкото возило „југо“ со неготински регистарски ознаки, со кое ги пренесувале предметите. За настанот бил известен јавен обвинител, а лицата биле приведени во полициска станица. По документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Смени и освежување во ВМРО ДПМНЕ: Избрани 30 нови претседатели на општински комитети, познати се имињата

ДЕСК

Нова ера за македонското здравство: Три клинички болници и здравствен комплекс вреден 1,5 милијарди евра

ДЕСК

Покачување на 50 отсто на пензиите ако дојде СДСМ на власт – најави Тренчевска

ДЕСК