Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Времето променливо облачно со појава на магла

Променливо облачно, по должината на Повардарието и во одделни котлини со појава на магла. Попладне во западните и северните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, а наместа во западните делови повремено засилен ветер од западен до југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 2, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.

Во Скопје променливо облачно и наутро магливо, преку денот со услови за краткотраен дожд. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 11 степени.

Преодно стабилизирање на времето ќе има в петок и в сабота претпладне. Нов влажен бран со врнежи, претежно од дожд, само на високите планини од снег, ќе почне од сабота кон крајот на денот, а повремено пообилни врнежи ќе има во ноќта в недела. В понеделник ќе биде постудено, со услови за врнежи од дожд со слаб интензитет, а слаб снег ќе провејува на планините и понекаде во повисоките места.

Можеби ќе ве интересира

„Над 50% од ваучерите за инвертер клими се веќе подигнати“, информира Министерството за енергетика

C +

Полицијата му упадна дома – претреси и апсење во Скопје

ДЕСК

Патниот правец Охрид – Ресен преку Галичица е затворен за сообраќај, каква е состојбата на патиштата низ Македонија

ДЕСК