Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: Што им сметаат вработените во градинките и училиштата во Карпош на Мицкоски и ДПМНЕ?

-Блокадите кои ДПМНЕ и Левица ги прават во општина Карпош целосно ја загрози работата на градинките, училиштата и администрацијата, соопшти СДСМ.

„Со блокирањето на носењето на Буџетот на последната седница на Советот, ја блокираа и одлуката за времено финансирање.

Со ова ДПМНЕ и Левица по налог на Христијан Мицкоски ги оставија без плати вработените и тоа сред празници, а загрозено е и целото функционирање на општината.

Вработените во градинките, училиштата, администрацијата во Карпош, вработените кои се грижат да водоводите, хигиената, одржување на локалните институции не може да земат плата.

Дел од вработените протестираа пред општината затоа што се соочуваат за време на празници да останат беспари, да не можат да си ги платат сметките, ниту да одвојат средства за своите деца.

Тоа што го прават ДПМНЕ, Левица и Мицкоски не е политика, туку е предизвикување хаосот, пакост, злонамерно и нечовечно казнување на работниците и граѓаните поради лични хирови на Мицкоски.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски на средба со Орбан и говор на научната установа MCC: Македонија и Унгарија градат силно стратешко партнерство, економијата е во фокусот

ДЕСК

Трагедија го потресе Скопје: 38 годишен маж пронајден починат, а до него имало пиштол – претходно бил пријавен за исчезнат

ДЕСК

Скопјанец заврши на клиника со тешки повреди, откако среде бел ден бил претепан од едно лице

ДЕСК