Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Орданоски: Сите забораваат да кажат дека на анкетите огромен број луѓе молчат и не кажуваат став, тие ќе одлучуваат

„Рејтинзите на кои сите се повикуваат, на кои ВМРО-ДПМНЕ стои повисоко, сите забораваат да кажат дека таму има огромен процент на луѓе кои молчат. Овие рејтинзи се на малку повеќе од половина на гласачкото население. Другата половина си молчи“ рече аналитичарот Сашо Ордановски во емисијата „Политиканти“ на Слободен печат.

Тој додаде дека токму тие граѓани се одлучувачките, кои во наредните месеци ќе треба да го издефинираат својот став.

„Тоа се месеци кои доаѓаат. Ќе мора да заземат став луѓето, бидејќи не е изборот сеедно. Со една поголема излезност ќе мора да знаеме што иднина е одбрана на едни слободни избори“ рече Ордановски.

Со сличен став е и новинарот Борјан Јовановски кој во емисијата рече дека ги разбира граѓаните кои се уште немаат став и се збунети, но во наредните месеци ќе заземат став.

Можеби ќе ве интересира

Ја оставил колата пред локал со вклучен мотор – останал и без скапоценото ауди и без патните документи

ДЕСК

Средба Николоски – Улусој: Имаме потенцијал за зголемување на економската соработка со Туркије

ДЕСК

Јаневска: Исправивме голема неправда, во првото полугодие 30-тина деца на подолготрајно лекување редовно следеа настава

ДЕСК