Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Расте поддршката за ЕУ, се повеќе граѓани би гласале потврдно на референдум за членство

Расте бројот на граѓаните кои сметаат дека Европската Унија е најдобрата опција за државата и дека не треба да се бара друга алтернатива, покажува последната анкета на Преспа Институтот.

Според истражувањето 70,6 отсто од граѓаните одоговориле дека ЕУ е најдобрата опција во декември, што е раст во споредба со истата анкета направена во мај оваа година, кога 61,2 отсто од граѓаните одговориле дека тоа е ЕУ.

Раст се забележува и во потврдниот одговор на прашањето како би гласале доколку во недела се одржи референдум за членство во Унијата. 67,3 отсто од граѓаните на анкетата во декември одговориле дека би гласале за членство во ЕУ, процент кој во мај изнесува 61 отсто.

Против, според последната анкета, би гласале само 12,8 отсто од населението, наспроти 30,2 отсто на анкетата во мај.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВАРАЛ СО НОСИТЕЛОТ НА СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА – Честитка за изборната победа во Србија

ДЕСК

СЕДУМ ВОЗАЧИ ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ЗА ЕДНО ДЕНОНОЌИЕ – Дел возеле без дозвола, други под дејство на алкохол

ДЕСК

УТРЕ ПОСЕБЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ ВО СКОПЈЕ – МВР најави ограничувања поради официјална посета

ДЕСК