Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Пет лица под истрага за разбојништво во фабрика за канабис во Чегране

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против пет лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Разбојништво според член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

-Осомничените, на 26 ноември, извршиле разбојништво во фабрика за производство на канабис за медицински цели во атарот на селото Чегране. Вооружени со огнено оружје, најпрвин физички го нападнале вработениот во обезбедувањето на фабриката, му се заканиле и со метална жица му ги врзале рацете, а потоа го затвориле во тоалетот. Со метална хебла насилно ја отвориле вратата на фабриката и противправно одзеле 44 вреќи со вкупно 552,85 килограми неисчистен канабис, кои ги натовариле во камион и го напуштиле местото на настанот, соопшти Обвинителството.

Постојат околности кои укажуваат дека осомничените од Дебар, Струга и Гостивар, од кои најмладиот има 18, а најстариот 39 години, би можеле да се дадат во бегство, да влијаат врз сведоци и да го повторат делото, па јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за сите петмина. Основниот суд во Гостивар го прифати предлог и им определи притворска мерка.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВАРАЛ СО НОСИТЕЛОТ НА СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА – Честитка за изборната победа во Србија

ДЕСК

СЕДУМ ВОЗАЧИ ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ЗА ЕДНО ДЕНОНОЌИЕ – Дел возеле без дозвола, други под дејство на алкохол

ДЕСК

УТРЕ ПОСЕБЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ ВО СКОПЈЕ – МВР најави ограничувања поради официјална посета

ДЕСК