Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Богоев: Шверцот на дрога и прокурзори најчесто оди преку дивите премини

„Дрогите и прекурзорите најчесто одат преку зелени канали , тоа се преку диви канали кои се во надлежност на Граничната полиција. Можеби помалку сме изложени на шверц на границите со Европска Унија кон Грција и Бугарија а можеби сме можеби сме поизложени кон Србија и Косово и Албанија“ рече Стефан Богоев, директор на Царинската управа и потпретседател на СДСМ во утринското интервју на „Слободен печат“.

Тој додаде дека се работи на сите полиња. Во континуитет работат на усогласување на Европската регулатива. Интензивно се работи и на кантарските белешки со Србија а набро очекува и во целост да проработи„One stop Shop“.

Ги усогласуваме и транзитните системи со ЕУ и нивната регулатива. Можете вие да отворите транзитна постапка во Македонија и да ја затворите некаде во Хамбург. Значи цела транзитна линија да ја поминете со една постапка. На тоа поле сме ресичи усогласени. И продлжуваме да се усогласуваме.

Од другастрана, Отворен Балкан е прилично корисен за добар дел на транспортни компании, увозници и извозници. Генерално сите тие земји тежнееме кон усогласување со регулативата на ЕУ. Нешто што очекувам да се случи во почетокот на нареднтата година е меѓусебно признавње на кантарски белешки , тие се мерењата на кванташка вага со српската царина. Тоа значи дека ако сте возач на камион , ако се мерите на вага на Прешево и велегувате на македонска страна на Табановце, нема потреба да се мерите и обратно. Тоа заштедува време .Имате две мерења а една граница. Тоа е незамисливо. Во моментов се изработува софтвер на македонскот МВР и српското со кое еднаш ќе се помине пасошот и тоа ќе биде баш она буквално „One stop Shop“.А ние како Царинска управа имаме олеснети постапки во рамки на Отворен Балкан“, рече Богоев.

Можеби ќе ве интересира

Трендафилов побара мерки против пратеничката Дафина Стојановска оти ги објави неговите деца и за утре најави блокада на газдите

C +

Забраната на социјалните мрежи за најмладите во Македонија би била радикален чекор, рече министерот Андоновски во Прилеп

C +

СДСМ: Кампањата против предметите на СЈО е дел од операција за враќање на Груевски

C +