27. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Меџити: Детската болница „Козле“ прерасна во Клиника за респираторни заболувања, ова е голем чекор напред

Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска беше во посета на Детската болница „Козле“, која прерасна во Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата по донесената одлука од Владата на Република Северна Македонија.

Со ова, како што посочи Меџити, се обезбедува подостапна и поквалитетна здравствена заштита за пациентите.

„Ова е голем чекор напред за установата и признание за посветената работа и заложбите на раководството и на целиот медицински и немедицински персонал, кој применува стручен и мултидисциплинарен пристап од областа на респираторните заболувања кај децата и цистичната фиброза. Универзитетската клиника „Козле“, која како установа постои веќе 72 години, претставува единствен центар на Балканот што третира исклучиво респираторни заболувања, односно заболувања на дишните патишта кај децата. На годишно ниво овде се вршат над 35 илјади амбулантски прегледи и над 4 илјади хоспитализации на деца со респираторни заболувања, а стручниот кадар опфаќа 55 доктори специјалисти и супспецијалисти од над 200 здравствени работници“, рече министерот за здравство.

Според него, со прераснувањето во универзитетска клиника оваа установа се зајакнува како наставно-научна база во рамките на која врвниот стручен кадар ќе ги пренесува своето знаење и искуството на помладите специјализанти и студенти.

Можеби ќе ве интересира

Пеколно жешко до 38°C, па температурен пресврт и невреме со заладување – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Времето утре сончево и топло, за викендот локален пороен дожд и грмежи

C +

Алијансата за Албанците оценува дека ВМРО-ДПМНЕ, заедно со „експериментот ВЛЕН“, се обидува да ја оцрни фигурата на претседателот, д-р Арбен Таравари, преку клевети и игри со зборови

ДЕСК