Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Финансиската полиција в понеделник влегува во Град Скопје за набавката за новогодишното украсување

Финансиската полиција в понеделник ќе влезе во Град Скопје, а во врска со набавката за новогодишното украсување.

Претходно, градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, информира дека распишала јавен повик за новогодишното украсување од 30.000 евра и дека бил спроведен транспаретно, но не го објави склучениот договор.

„Украсувањето на градскиот плоштад, главните сообраќајници и новогодишниот базар се финансирани преку јавен повик, кој беше објавен во согласност со актите и прописите како и сите други јавни повици“, објави Арсовска на „Фејсбук“, која не одговара на прашањата на новинарите.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Јасно е дека кај многумина има страв од избори, но изборите ќе бидат редовни, во 2028 година

C +

СДСМ: Европа не може да прими во членство организирана криминална група како ВМРО

C +

Тошковски: Новата шалтер сала во МТВ – побрзи услуги и подобри услови за граѓаните и вработените

C +