Centar.mk
фото Центар.мк
МАКЕДОНИЈАвест

Приведен крадец во скопско

Вчера во 14.20 часот во с.Бунарџик, општина Илинден, полициски службеници од Полициското одделение Петровец го лишиле од слобода С.М.(64) од с.Бунарџик, соопшти МВР.

Тој се сомничи дека околу 10.30 часот во продажен објект во селото со закана кон вработените одзел повеќе производи. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицето било приведено во полициска станица, по што било пренесено во здравствена установа во с.Бардовци, скопско, соопшти полицијата.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Гаши со честитка по повод Велигден

ДЕСК

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Велигден

ДЕСК

ГРАБЕЖ СРЕДЕ БЕЛ ДЕН ДЕН: На мостот Гоце Делчев во Скопје ѝ одзеле накит – уапсени осомничени

ДЕСК