Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Младите Центарци даруваат и донираат за Лео

Општина Центар продолжува со хуманитарната акција за помош на младиот Леонид Игнов, на кој му е потребно лекување во странство за да закрепне.

Во ТЦ ,,Рамстор‘‘ вчера е одржан уште еден хуманитарен новогодишен базар на кој со свои ракотворби и музички точки учествуваа ученици од општинските основни училишта.

Средствата собрани од продажбата на нивните креативни трудови и изработки ќе бидат донирани за медицинскиот третман на младиот Лео, кој се здоби со тешки повреди на `рбетот во несреќен случај пред неколку месеци.

На настанот се приклучи и градоначалникот Горан Герасимовски, со порака дека секоја донација е важна за да се помогне на Леонид.

Добротворниот базар се реализираше во рамките на хуманитарната програма на Општина Центар посветена на Лео, а со поддршка на Рамстор.

На 27 и 29 декември на вториот кат на ТЦ Рамстор ќе се одржат уште две слични манифестации на кои ќе учествуваат младите Центарци.

Можеби ќе ве интересира

НЕВРЕМЕ НА ДЕЛ ОД ТЕРИТОРИЈАТА: Западот и југот со пообилни врнежи и засилен ветер

ДЕСК

(ФОТО) Зоран Заев присуствуваше на роденденот на СДСМ

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: СДС живее во светот на бајките и лагите, не ВМРО-ДПМНЕ, ММФ вели дека сме меѓу првите три држави кои примениле најмногу мерки за справување со ценовните шокови

ДЕСК