Centar.mk
пороен дожд / фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Дождови и нова тура снег низ Македонија – Метеоцентар со нови најави за времето, но и голема промена што следува од сабота

Утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег што ќе ја зголеми снежната покривка. Особено претпладне и тоа во северозападните и северните делови повремен снег ќе има и на повисоките места. Во сабота ќе настапи стабилизирање на времето и ќе дува засилен северозападен ветер. Од недела следува период на тивко и релативно топло време, освен по котлините со магла. Од понеделник условите за магла ќе се зголемат.

Прогноза за 23.12.2023
Минимална температура: -4°C до 3°C
Максимална температура: 7°C до 14°C

Наутро со услови за слаба магла во котлините, а преку денот променливо облачно и релативно топло преку денот. Ќе дува умерен, во западните делови повремено засилен ветер од западен правец.

Прогноза за 24.12.2023
Минимална температура: -3°C до 4°C
Максимална температура: 7°C до 15°C

Наутро со услови за појава на магла во котлините, претпладне променливо облачно, а преку денот сончево со мала до умерена локална облачност и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Прогноза за 25.12.2023
Минимална температура: -5°C до 2°C
Максимална температура: 5°C до 15°C

Наутро со појава на магла во котлините, а преку денот претежно сончево, тивко и релативно топло освен во котлините со магла.

Можеби ќе ве интересира

ПРВО ТЕМПЕРАТУРИ ДО 25°C, А ЗА ВЕЛИГДЕН СИЛЕН ДОЖД И СНЕГ НА ПОВИСОКИТЕ МЕСТА: Синоптичарите излегоа со повеќедневна прогноза

ДЕСК

Маж од Кичево возел иако имал забрана за управување возило и удрил во малолетник, лишен е од слобода, возилото е одземено

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА “УПАДНА” ВО НОЌНИ КЛУБОВИ ВО ОХРИД И СКОПЈЕ: Полицајците тресеа познати локали – констатирано дека клубови точеле алкохол, а обложувалница примало малолетници

ДЕСК