Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

На 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари.

Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Згасна животот на маж во Поликлиниката Бит Пазар, телото испратено на обдукција

ДЕСК

НОЌНА ДРАМА НА БИТ ПАЗАР – Пламен зафатил „ауди“, сопственикот и соседите го изгаснале пожарот

ДЕСК

ТЕПАЧКА ВО ГАЗИ БАБА – Физичка пресметка меѓу 59-годишен и 26-годишен скопјанец, следува поднесок

ДЕСК