Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

151 санкционирани возачи во Скопје, 30 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (20.12.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 151 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 30 санкции, седум мерки за возење без возачка дозвола, пет мерки за користење на мобилен телефон, пет санкции за минување на затворен сигнал-црвено светло… – соопшти МВР.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Температури до 33°C и невреме! Синоптичарите објавија повеќедневна прогноза

ДЕСК

Драма во пехчевско село: Петгодишно дете тешко повредено по удар од електричен тротинет

ДЕСК

Вознемирувачки случај во Драчево: Зрно од огнено оружје завршило во двор од куќа

ДЕСК