Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Запленети околу 1700 парчиња пиротехнички средства, приведени две лица

Вчера, во 18.50 часот, од страна на полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп, на ул.„Ѓорѓи Абаџиев” во Прилеп заради сомнение за сторено кривично дело по чл.396 од КЗ лишен од слобода е С.Б.(51) од Прилеп. При преглед кај него, пронајдени и одземени биле 1620 парчиња пиротехнички средства. По целосното документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

-Исто така, на 14.12.2023 од страна на полициски службеници од СВР Битола на патот А-3 Битола -Прилеп во близина на бензинска пумпа, при преглед на Д.Т.(25) од Битола, пронајдени се пиротехнички средства. По целосното документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.

Можеби ќе ве интересира

Владата донесе одлука до Собранието да го достави предлогот Ненад Савевски за нов државен јавен обвинител

ДЕСК

Битолчанка останала без пари и накит – Познатата измамничка шема и натаму актуелна, повозрасните да внимаваат!

ДЕСК

Мицкоски: Инфлацијата се спушти под 3%, треба да сториме сѐ што е во наша моќ да ја одржиме ценовната стабилност

ДЕСК