Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

СДСМ: Анти ЕУ ДПМНЕ и Мицкоски се виновни што не отвораме поглавја

-Политиката на блокади на анти ЕУ ДПМНЕ и Мицкоски го изблокира и евоинтеграцискиот пат на државата. Пораките од Брисел можеа да бидат сосема поинакви, победнички, да се објави дека државата продолжува со отворање на поглавјата од сите кластери од преговорите со ЕУ, дека продолжува нашиот евроинтеграциски пат. Но, се потврди дека единствен кочничар на државата е анти-ЕУ, анти-НАТО и проруската коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Левица. Тие се виновни што не отвораме поглавја. Неисполнувањето на обврските за уставни измени е кочница на понатамошниот пат кон ЕУ, соопшти СДСМ.

„Народот уште еднаш можеше да се увери дека со овие политичари ќе биде лишен од можноста забрзано да се приклучи на прогресивното европско семејство.

Граѓаните знаат да проценат кој за каква иднина на државата се бори.

ДПМНЕ е истата партија која 11 години владееше со лажен патриотизам, квазинационализам и популизам, што доведе до целосно заробена држава, изолирана од меѓународната заедница и скарана со соседите.

СДСМ не се откажува од европската перспектива на државата и граѓаните. Местото на Северна Македонија е во Унијата. СДСМ продолжува да работи на остварување на стратешката цел – членство во ЕУ до 2030 година.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАКА ОД ФИЛИПЧЕ ПО ИЗБОРИТЕ ВО СРБИЈА – „Нè чека борба, ни малку лесна“

ДЕСК

СЕВЕРЕН ВЕТЕР НАД 50 КМ/Ч, ПОТОА ПОВТОРНО ДОЖД – Детална прогноза за тоа какво време ја очекува Македонија во наредните денови

ДЕСК

УТРЕ СЕ ОЧЕКУВА СЕВЕРЕН ВЕТЕР НАД 50 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС – Магла и повремен дожд во Македонија

ДЕСК