19. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестБИЗНИС

Со НЛБ Mastercard кредитните картички,празниците траат подолго – Промотивна кампања на НЛБ Банка

Во пресрет на најубавиот период од годината и во духот на празнувањето и дарувањето, НЛБ Банка започнува промотивна кампања овозможувајќи им на корисниците на НЛБ Mastercard кредитните картички да уживаат во празниците и празничните купувања, малку подолго и малку поинаку од останатите.

Имено, корисниците на НЛБ Mastercard кредитните картички кои во периодот од 15.12.2023 до 15.01.2024 година ќе пазаруваат со своите картички, стануваат потенцијални добитници на вредносенваучер на износ во зависност од вкупната сума направена со една картичка.

Односно, првите 200 клиенти кои ќе направаттрансакции во вкупен износ од 10.000 денари со една НЛБ Mastercard кредитна картичка, ќе добијатподарок ваучер од 2.000 денари, додека првите 200 клиенти кои, во текот на промотивниот период ќе направат трансакции во вкупен износ од 20.000 денари, ќе добијат подарок ваучер од 4.000 денари.

Во промотивниот период НЛБ Банка ќе награди вкупно 400 клиенти, корисници на некоја од НЛБMastercard кредитните картички, Standard/Light/Happy/Gold.

Кампањата се реализира во соработка со East Gate Mall, а наградените клиенти ќе можат да ги подигнат и искористат ваучерите за шопинг во East Gate Mall во периодот од 15 февруари до 15 мај, следната година.

Повеќе информации за промоцијата и картичните продукти на НЛБ Банка може да се добијат на телефонски број 02/15600, во најблиската експозитура на Банката или на следниов линк.

Можеби ќе ве интересира

Работна посета на претставници од Министерството за финансии на САД во Стопанската комора на Северна Македонија

ДЕСК

Државата ќе дели од 250 илјади за едно, 500.000 за две или до 750 илјади денари за вработување на три невработени лица

ДЕСК

„ Измени и дополнувања на Законот за енергетска ефикасност: Пониски сметки, почист воздух, тројно зголемена заштеда и задолжителни соларни системи во јавните згради“

ДЕСК