Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Бегство од одговорност на опозицијата е страв од пораз на изборите

„Господинот Талат Џафери има знаење и искуство да ја води техничката влада и затоа ќе ја добие нашата поддршка без дилема. Во едни тешки собраниски услови, при активна блокада на опозицијата тој се бореше и се избори да имаме колку што е можно функционален парламент. изјави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во „Тема на денот“ во Дневникот на Сител Телевизија.

Тој додаде дека доколку опозицијата реши да не учествува во техничката влада, тоа е избегнување на законска обврска.

„Имено ние од 2015 наваму имаме Пржинска влада и таа влада е гаранција дека ќе имаме фер и демократски избори и претставува законска обврска. Бегство од одговорност на опозицијата е страв од пораз на изборите“, заклучи Маричиќ.

Можеби ќе ве интересира

ВИКЕНД СО СОНЦЕ И УТРА ДО −3 °C – Од понеделник услови за слаб локален дожд

ДЕСК

Дафина Стојаноска: Извештајот на ЕК годинава е подобар од лани, а Жерновски е човек кој не верува на институциите

ДЕСК

БРИСЕЛ БАРА ВИДЛИВИ РЕЗУЛТАТИ – Рокас го предаде извештајот на ЕК и предупреди на слабостите во борбата против корупцијата

ДЕСК