25.8 C
Скопје
21. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Зајкова: Брзиот Европски воз е клучен за напредок

Во утринската програма на Слободен Печат, Моника Зајкова, пратеничка во Собранието и Претседателка на ЛДП дече: „ За жал ние како општество сме се уште заглавени во минатото. Искрено се надевам дека ќе успееме да го фатиме клучниот момент и да не пропуштиме прилики. Нам ни треба клучно решение и да си признаеме дека спојот со брзиот европски воз е клучен за напредок бидејќи ние како политички партии немаме консензус за големи реформи во образованието, судството – секогаш се оди на собирање политички поени а не се помислува на прогрес во општеството’’

Зајкова рече дека според приметите кои досега ги имаме конкретно за локалната Власт во Скопје не можеме да видиме никаков напредок и констанстно сме сведоци на еден поинаков дух на градот. Наместо да одиме напред и да пројавуваме прогрес ние сме заглавени и премолчуваме на многу битни општествени проблеми затоа во иднина да внимаваме како граѓани на кого ја даваме шанста да го води градот.

„ Антикризниот пакет од 662 милиони евра е наменет за граѓаните. Иако постојат закочени закони во собранието се надевам дека конечно ќе помислат дека овој пакет е наменет и за граѓаните. Непотребно се блокираат закони а целта е да се оди напред. Од 2018 година го имаме дијалог Жан Моне кој во негови рамки се донесе Етичкиот кодекс и Новиот деловник на работа на Собранието со цел да се обезбеди поголема функционалност на општеството како целина’’ – рече Зајкова.

Зајкова додека дека неопходно е да се видат најпрво кои се приоритетите и дека најважен е Европскиот прогрес и да се овозможни поквалитетно општество.