Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Зајкова: Во иднина да внимаваме на кого даваме шанса за да го води градот

„Според приметите кои досега ги имаме конкретно за локалната Власт во Скопје не можеме да видиме никаков напредок и констанстно сме сведоци на еден поинаков дух на градот. Наместо да одиме напред и да пројавуваме прогрес ние сме заглавени и премолчуваме на многу битни општествени проблеми затоа во иднина да внимаваме како граѓани на кого ја даваме шанста да го води градот’’ рече Моника Зајкова, пратеничка во Собранието и Претседателка на ЛДП во утринската програма на Слободен Печат.

Зајкова рече дека Антикризниот пакет од 662 милиони евра е наменет за граѓаните. Иако постојат закочени закони во собранието се надевам дека конечно ќе помислат дека овој пакет е наменет и за граѓаните. Непотребно се блокираат закони а целта е да се оди напред. Од 2018 година го имаме дијалог Жан Моне кој во негови рамки се донесе Етичкиот кодекс и Новиот деловник на работа на Собранието со цел да се обезбеди поголема функционалност на општеството како целина.

„ За жал ние како општество сме се уште заглавени во минатото. Искрено се надевам дека ќе успееме да го фатиме клучниот момент и да не пропуштиме прилики. Нам ни треба клучно решение и да си признаеме дека спојот со брзиот европски воз е клучен за напредок бидејќи ние како политички партии немаме консензус за големи реформи во образованието, судството – секогаш се оди на собирање политички поени а не се помислува на прогрес во општеството ‘’– рече Зајкова

Зајкова додека дека неопходно е да се видат најпрво кои се приоритетите и дека најважен е Европскиот прогрес и да се овозможни поквалитетно општество.

Можеби ќе ве интересира

Пронајдена дрога на Граничен премин Стар Дојран, лишени од слобода две лица, следува пријава

ДЕСК

ДА НЕ ВЕ ЛАЖЕ ДЕНЕШНОТО СОНЦЕ, СИНОПТИЧАРИТЕ НАЈАВУВААТ НЕВРЕМЕ: Детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Поголема соработка и итна акција за воспоставување на одржливо управување со отпад базиран на кружната економија

ДЕСК