Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

285 санкционирани возачи во Скопје, 107 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (09.12.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 285 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 107 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за користење мобилен телефон при возење, 17 мерки за некористење на сигурносен појас, 15 санкции за управување под дејство на алкохол… – соопшти МВР.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНЦИТЕ СÈ ПОТЕШКО ГО ПОЛНАТ ФРИЖИДЕРОТ: Сметката расте, кесите се сè попразни

ДЕСК

ГРАДОТ ЗА 10 МИНУТИ МОЖЕ ДА НАПРАВИ ШТЕТА ОД 1.000 ЕВРА: Дали луѓето се подготвени?

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА РАСЧИСТУВА ТЕЖОК СЛУЧАЈ: Новородено бебе било дадено на незаконско посвојување за пари и бенефиции

ДЕСК