Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Маричиќ-Шинас: Европското семејство дава силна поддршка за следните чекори на Северна Македонија

Заменикот претседател на Владата на Република Северна Македонија задолжен за европски прашања попладнево на работна средба со Маргаритис Шинас, Комесарот за промовирање на европски начин на живеење.

Фокусот на средбата беше на успешното завршување на скрининг процесот за Северна Македонија и следните чекори кои мора да се превземат во однос на спроведување на реформите за успешно реализирање на нашиот евроинтергативен пат.

Поддршката која ја добиваме од нашите стратешки партнери од Европската Комисија е најсилната страна од нашата соработка. Следните чекори кои мора да се превземат се одговорноста за усвојувањето на уставните измени и спроведувањето на реформите за успешно реализирање на евроинтеграцијата.

Комесарот Шинас му честиташе на Вицепремиерот Маричиќ за успешното завршување на скрининг процесот со залагање за понатамошна соработка во реализација на Планот за раст, спроведувањето на реформите со цел реализација на европската агенда за Северна Македонија.

Можеби ќе ве интересира

Грабеж среде бел ден во центарот на Скопје – прво физички го нападнале, а потоа го опљачкале

ДЕСК

Полицијата трага по исчезнато 16 годишно девојче

ДЕСК

Во својот дом во центарот на Скопје пронајден починат скопјанец – наредена обдукција

ДЕСК