Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

254 санкционирани возачи во Скопје, 53 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (07.12.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 254 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 53 санкции, 15 мерки за возење без возачка дозвола, девет санкции за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за минување на затворен сигнал – црвено свлетло, 20 мерки за некористење на сигурносен појас… – соопшти МВР.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Лажна е дојавата за поставени бомби во трговски центар во Скопје

ДЕСК

Серија апсења на повеќе локации низ Скопје

ДЕСК

ДРАСТИЧНА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО: По сончевиот викенд, повторно дождови – Синоптиачрите објавија повеќедневна прогноза

ДЕСК