5.8 C
Скопје
27. февруари 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Ковачевски тврди: Уште долго време нема да ги видиме ВМРО-ДПМНЕ на власт

Претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски, во вечерашната емисија „360 степени“ на МРТ 1 истакна дека инсистирањето на опозицијата да се укине Пржинската Влада е најдобриот можен комплимент за СДСМ и за Владата, имајќи го предвид фактот дека Пржинска влада е воведена со меѓународна посредништво по тешки преговори во Пржино, а како решение за политичката злоупотреба на државните институции и избори од страна на ДПМНЕ.

-Ние уште подолго време нема да видиме како изгледа ВМРО-ДПМНЕ од позиција на власт, бидејќи на следните избори победничка ќе биде коалицијата предводена од СДСМ, истакна претседателот Ковачевски.

Во интервјуто, претседателот Ковачевски се осврна и на можните мотиви кои ги има ДПМНЕ врзани со барањето да се укине техничката Влада.

-Таа дискусија беше отворена токму од страна на опозицијата, меѓу тоа мислам дека од други мотиви, мислам дека мотивот беше дека тие видоа дека учество таква Пржинска влада досега не им носеше позитивни поени заради лошите перформанси на нивните министри, – посочи Ковачевски.