Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Коп: Треба навистина да сакате да станете членка на ЕУ, ние ве очекуваме и ви помагаме

„Земјата навистина треба да сака да стане членка на ЕУ, навистина мора да е справи со корупцијата. Без тоа напредок во која било област е невозможен“ рече холандскиот амбасадор во земјава Дирк Јан Коп во интервју за „360 степени“.

Тој додаде дека земјава треба да работи на зачувувањето на својата прореформска демократија, заштита на слободата на говорот, да ја зачува релативната независност на медиумите.

„Без овие работи каков било напредок не можен. Што друго земјата треба да направи, зависи од Северна Македонија, таа е суверена земја и од неа зависи кои се нејзините приоритети. Таа вели дека сака да е членка на ЕУ и затоа треба, во таа рамка, прецизно да ги одреди приоритетите“ рече Коп.

Холандскиот амбасадор истакна дека во интерес на Холандија е да ја поддржи Северна Македонија на патот кон ЕУ и дека сакаат оваа земја да биде дел од ЕУ.

„Наредната година имаме избори за Европскиот парламент, ќе има избори во САД и, како што реков, во Холандија поддршката за проширувањето се намалува и вие не може и понатаму таа поддршка да ја земате здраво за готово, треба да влезете во ЕУ сега, што е можно побрзо или, како што стравувам, таа можност може да исчезне, во некој момент вратата ќе се затвори“ рече Коп.

Можеби ќе ве интересира

Фрчковски : Програма 300 дел од новата сила на СДСМ

ДЕСК

СДСМ: Резиме на денот, 18.12.2025

ДЕСК

Тренчевска: ВМРО-ДПМНЕ донесе неуставна резолуција за пресметка со опозицијата!

ДЕСК