4. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Петров: За Претседател на држава ќе се одлучи според досега сработеното и според анкетите

„Премиерската функција е потешка од претседателската има секојдневни оперативни надлежности. Меѓутоа репрезентативно и според Уставот функцијата Претседател е најважната. Сите луѓе имаат легитимно право да се кандидираат, има право и сегашниот Претседател Пендаровски, а како ќе одлучат на крај партиските органи низ процедура во партијата, преку општинските организации кои ги утврдуваат кандидатите и ги доставувааат до централните партиски органи кои одлучуваат околу тоа кој ќе биде претседателски кандидат. Се работи за широк инклузивен процес, секој може практично и да биде самокандидиран.

Ќе одлучиме врз бара на досега сработеното, врз база на анкети, и ќе застанеме зад оној кандидат за претседател кој ќе се смета дека има најголеми шанси да стане претседател“, рече Андреј Петров, член на ИО на СДСМ во емисијата Клик Плус на ТВ21.

Тој посочи дека секоја партија има право да се надева на добар исход како и на претходни избори, она што го гарантира СДСМ е инклузивен процес и демократска атмосфера.