8. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Петров: Избори во редовни термини, согласно уставните рокови

„Ние немаме проблем изборите да бидат заедничкки, она што цело време го зборуваме е тие да бидат во редовен термин. И тоа ќе се случи, изборите ќе се случат во редовен термин, а доколку постои можност да се спојат и претседателските и парламентарните, тоа е добро од повеќе причини, затоа што заштедува пари, нема потреба двојно да се плаќа за едно гласање, но тие треба да бидат во уставни рокови. А за да бидат во уставни рокови постои еден термин кој е лош, 5 мај кога е Велигден, кога би биле во недела, меѓутоа постои можност и спремност доколку успеат да се договорат политичките партии во текот на следната недела, тоа да биде на 8 мај во среда, “рече Андреј Петров, член на ИО на СДСМ во емисијата Клик Плус на ТВ21.

Тој посочи дека првиот редовен термин на претседателските избори е од 14 март, а за парламентарните е 5 мај. Ја оцени како добра можност и изрази подготвеност за посочените термини.