7. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

О’Брајан: Има политички структури кои се против ЕУ, а некои од нив можеби добиваат пари од некои места за тоа

„Ние силно ги поддржуваме аспирациите на Северна Македонија за ЕУ – тоа е јасна мнозинска аспирација. Во право сте, некои политички структури мислат поинаку, некои можеби добиваат пари од некои места, некои имаат легитимни аспирации на малцинското гледиште. Но, мислам дека мнозинството сака да е дел од Европа и ние го поддржуваме тоа“ рече помошник-државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Џејмс О’Брајан за „360 степени“.

Тој додаде дека уставните измени се конкретен компромис е дел од процесот за членство во ЕУ и рече дека секоја држава или регион доаѓаат од места каде имало конфликти, но тие биле ставени настрана за да бидат заедно во ЕУ.

„Тоа е процесот низ кој поминува оваа земја сега. Тоа што им го велиме на претставниците овде и во соседните земји е дека е во интерес на сите – не која било земја, туку соседот да биде во ЕУ. Тоа е кога членството во ЕУ навистина дава плодови. Така што, луѓето можат да ги уживаат четирите основни слободи – правото да работат каде сакаат, да живеат каде сакаат, да пренесуваат пари каде сакаат, да вршат трговија. Овие четири слободи се основата на ЕУ“ рече О’Брајан.

Помошникот-државен секретар на САД рече дека конкретниот комрпмис пред земјава е за да се стигне до целта – влез во ЕУ.

„Важно е Северна Македонија и соседите да наоѓаат начини за да се движат напред. За вашата поента за политичките актери, јас би рекол дека единствениот пат напред е да се реши ова прашање. Има понуда на масата, треба да ја земете. Ако не ја земете, и вртите грб на историјата, искрено. Тој пат може да изгледа задоволувачки, но тоа ќе ја чини вашата економија, ќе причини повеќе луѓе да сакаат да ја напуштат земјата и, генерално, ќе ја уназади земјата“ заклучи О’Брајан.