8. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Кочишка: Фестивалите Пин и Таксират преку музика ги спојуваат сите генерации

„Фестивалите Пин и Таксират не познаваат граници и преку музика ги спојуваат сите генерации. Пин слави 10 години од своето постоење додека пак Таксират слави 25 годинишна. На самите фестивали посетеноста е во импозатен замав а на истите фестивали имаат за цел да ги привлечат македонските музичари, луѓе кои се дел од македонската музичка индустрија да дојдат и да се запознаат со гостите кои ги носи самиот фестивал – делегати од големи фестивали како на пример од : Егзит, Зигед, Tomorrowland во склоп пак на музичката програма носиме македонски нови бендови кои треба да бидат препознаени токму од тие делегати’’ – изјави една од главните организатори на фестивалите Пин и Таксират, Рамона Моња Кочишка во Утринската програма на Слободен Печат’’

Кочишка додаде дека Пин е бесплатен фестивал и достапен до сите, непознавајќи граници – годинава се присутни повеќе од 300 делегати од странство а преку 52 изведувачи. Истиот фестивал се одвива на 5 бини и годинава се слави јубилеј – 10 години од неговото постоење. Ние сме изненадени од посетеноста и интересот на младите кои го јавуваат за посета на ваков фестивал.

„Таксират како фестивал пак е темелот на новиот милениум во Скопје. Оваа година слави 25 години од своето постоење и годинава фестивалот е посветен на сите пријатели кои биле дел и го поддржале фестивалот таксират во изминатите 25 години а тука се вбројуваат: Дубиоза, Сарс колектив, Дуо французи, Дабе Фикс и уште многу други големи музички имиња’’ – додаде Кочишка.

„Целта на самите фестивали е да привлечеме што е можно повеќе млади да се интересираат за култура и музика и им оставаме простор да се заинтересираат да дојдат и да се пронајдат во некој од секторите – сите си имаат свое место под сонцето’’ – рече Кочишка.