АМСМ СЛУЖБА ЗА ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ известува:
МИНИРАЊЕ: На ден 28.11.2023 (вторник) ќе се изведува минирање за потребите за изградба на експресниот пат А2 делница Длабочица – Чатал и затоа е предвиден времен прекин на сообраќајот на потег село Ветуница- мост на река Блидеш во период од 12:00-16:00 часот. По минирањето патничките возила ќе се пренасочуваат по локалните патишта, а сообраќајот за тешките товарни возила ќе биде во прекин се до расчистување на магистралниот пат.
НОРМАЛИЗИРАН СООБРАЌАЈ: Од 09:15 часот патот кон с.Нерав-Крива Паланка е прооден.
ВОВЕДЕНА ЗАБРАНА ЗА ТТВ: Во 12.20 часот повторно се воведува забраната за сообраќај за тешки товарни возила преку планинскиот превој Стража.
СОСТОЈБА НА ПАТИШТА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено во зимски услови, по претежно влажни коловози. Врнежи од снег се бележат на планинскиот превој Стража и во Крушево.
ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2023 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2024 година. Повеќе информации може да прочитате тука.