20.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+КУЛТУРА

Камерен оркестар на Битола одржа спектакуларен концерт во Скопје, министерката за култура дел од присутните гости

Во Националната опера и балет во Скопје, Камерниот оркестар на Битола, одржа спектакуларен концерт со евергрини, именуван „ MTV 80’s & 90’s The Greatest Hits!“, а министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, заедно со останатите присутни, уживаше во звуците на безвременските хитови.
Сите се сеќаваме на деновите кога MTV беше прозорец кон еден нов, и бескраен свет на музика и емоции. Во тие времиња, секој акорд, секој стих носеше во себе честичка од младоста и енергијата која ги одбележа тие децении.

Имајќи ја во предвид важноста на музиката од тој период, Камерниот оркестар на Битола го подготви спектактуларниот проект „MTV 80’s & 90’s The Greatest Hits“, кој за прв пат беше изведен во Центар за култура- – Битола на 14 септември 2023 година, а картите за концеротот беа распродадени за само три часа. Прекрасните звуци од најголемите хитови од 80тите и 90тите оживеаа на сцената благодарејќи на Камерен оркестар на Битола пренесувајќи ја магијата на тие времиња. MTV 80’s & 90’s не беше само музички период – тоа беше ера која ја дефинира иднината.

По воодушевувачкиот концерт, што се одржа во полната сала во Центарот за култура – Битола, Камерен оркестар на Битола одлучи овојпат скопската публика да ужива во нивните изведби.

Со преку 100 учесници, вклучувајќи 10 изведувачи (домашни и странски), оркестар во полн состав, поп рок хор и балетски играчи при Национална Опера и Балет, присутните имаа можност да уживаат во најголемите хитови на безвременските Тина Тарнер, Витни Хјустон, Мајкл Џексон, Шер, Аеросмит, Рики Мартин, Алана Мајлс, Чака Кан, Мадона и многу други.

„Секогаш сум пресреќна кога се случуваат културни настани во земјава, а посебно ме радува интересот на нашите граѓани за она што имаат да го покажат нашите изведувачи. И овој концерт е потврда за квалитетот на нашите артисти и негувањето на културата на нашето тло. Се надевам дека и во иднина, како и досега Камерен оркестар на Битола ќе доживува огромни успеси во државата, но и надвор од границите“, потенцираше Костадиновска-Стојчевска, по завршување на концертот.
Концертот на Камерен оркестар на Битола, именуван „ MTV 80’s & 90’s The Greatest Hits!“ беше проследен со огромни овации од страна на присутните.

Спонзорирано: