6. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Лукаревска: Државата има европска иднина, ја извадивме од изолацијата во која беше заробена

Заменик-претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, во утринската програма на Слободен Печат истакна дека нејзината партија до сега има сработено се’ во корист на граѓаните. Конзистентноста во креирањето на европски политики и обезбедуваат на државата европска иднина, каде што се испреплетуваат европските развојни политики, европскиот стандард и безбедноста.

„Без разлика што изминатиот период опозицијата водеше анти кампања и зборуваше за предвремени избори – ширеа само лажни вести кај граѓаните, ние разговараме само за редовни избори и се надевам дека престојните избори ќе бидат во корист на СДСМ’’ – додаде Лукаревска.

Таа посочи дека преку пакетот на антикризните мерки и обезбедувањето на подобар животен стандард со зголемувањето на пензиите и минималната плата – СДСМ води исклучително европска политика и обезбедува квалитетно општество за живеење.

„ Државата има европска иднина, излеговме од изолацијата во којашто бевме заробени, а сите реализирани проекти до сега се само показател да се види кој и мисли добро на државата’’ – рече Лукаревска.