Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Д-р Манолева: Владата издвои 13,9 милиони евра за набавка на лекот „трикафта’’ за пациентите со Цистрична фиброза

„Владата предводена од страна на СДСМ заедно со Министерство за здравство – обезбедија 13,9 милиони евра за набавка на лекот „трикафта’’ за пациентите со цистична фиброза – со што министерството за здравство изминатиот период изработи усогласени протоколи со светските протолки – како да се лекуваат пациените со цистична фиброза. Да се стигне до ова требаше да се направат измени во законот на начинот на набавка за лекот – се е подготовено и периодот кој следи ќе донесе позитивна промена’’ – истакна заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева во „Студио 10’’ на ТВ 24.

Д-р Манолева ја посочи генерално проблематиката со којашто се соочува државата а тоа е недостигот на медицински кадар. Таа истакна дека во споредба со пред 10 години, моментално на специјализација од јавните здравствени установи од државата се пратени 1300 лекари на специјализација а пред десетина години биле пратени само 430 специјализанти.

„ Владата предводена од СДСМ, обезбеди и плати за приватните специјализации и двојно зголемени дежурства за здравствените работници. Во перодот од Март 2023 имавме многукратно зголемување на платите во здравствениот сенктор’’ – рече д-р Манолева’’

Д-р Манолева посочи дека оваа недела се одржува најголемиот самит ОПСЕ во нашата држава и тоа не значи дека нема да се обезбедуваат здравствени усуги за нашите граѓани – здравствените работници ќе си ја извршуваат својата работа и граѓаните ќе ги добијат потребните услуги’.

„ Владата предводена од страна на СДСМ се труди да овозможи доволен стимул за македонските лекари да останат и да работат за нашите граѓани и нашата државата’’ – истака заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева.

Можеби ќе ве интересира

Два нови пилоти завршија обука во Шпанија за гаснење пожари, се приклучуваат на ДЗС

C +

Мицкоски: Имаме стабилни резерви, дополнително го намаливме ДДВ за горивата од 18 на 10%

ДЕСК

„Се намалува ДДВ-то на горивата од 18% на 10%, се заштедуваат отприлика околу 200 илјади евра на ден“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

C +