17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Д-р Манолева: Здравствените власти, преку трибини во месеците Октомври и Ноември ги информираат граѓаните за машкото и женско здравје

„Важно е ние како здравствени власти да испратиме точни и јасни инфомрации до нашите граѓани за машкото и женско здравје – како да ги препознаат симтомите и да побараат помош’’ – истакна заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева во „Студио 10’’ на ТВ 24.

Д-р Манолева ја истака главната поента на трибините коишто се организираат ширум државата со цел да се информираат граѓаните и како да се превенираат болестите и за двата пола и посебно го стави акцентот на скриниг програмата – комплетната партиципација е покриена од страна на министерството за здравсто.

Заменик министерката за здравство Маја Манолева рече дека се набавиле нови дигирални мамографи од страна на Владата предводена од страна на СДСМ и Министерство за здравсто – кои ќе бидат достапни и во поголемите центри во државата

„Превенцијата е важна и раното откривање на многу болести е клучно – заради тоа и ги органзираме и трибините со цел да се направи апел до сите наши граѓани да се јават на преглед’’ – рече Манолева