21. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНАВЕСТИ

Рецепт за најбрзиот и највкусниот појадок!

Пет минути подготовка и половина час печење – тоа е се што ви треба за да го направите овој омилен неделен појадок.

Вклучете ја рерната на 190 C и во неа ставете празен плех за да се загрее.

Во сад измешајте 3-4 јајца со три лажици кисела павлака и една кафена лажичка сол.

Додадете половина прашок за пециво, пет лажици пченично брашно и пет лажици пченкарно брашно. Постепено додавајте 100 мл. масло.

На крајот измешајте 300-500 грама младо сирење во смесата или некое друго сирење – по желба.

Користете ракавица за да ја извадите топлата тава од рерната. Ставете коцка путер да се растопи и внимателно подмачкајте го дното и ѕидовите на тавата. Прелијте го тестото.

Вратете ја во рерната и печете околу 30 минути.

ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ…