Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Костадиновска-Стојчевска: Музиката има благородна мисија, создава блискост, разбирање, допир без допир

„Музиката ја има секој од нас во себе, но таа е и колективно чувство кое создава блискост, разбирање, допир без допир“ рече министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на отворањето на Фестивалот на музика од светот во Битола, кој оваа година се одржува под мотото „Една сцена, звук на светот“.

Таа додаде дека музиката има благородна мисија и дека низ целиот 20 век, таа извршила огромно влијание за надминување на границите и конфликтите, отвора дијалог, предупредуав и соопштува.

„Широкиот поглед на уметниците кои ги прекршуваат стиловите и стереотипите, му посочуваат на човештвото дека секогаш има нови решенија за ширење на хумани идеи. Тоа е причина плус уште повеќе да го цениме и вреднуваме вашиот труд и придонес за обединување“ рече Костадиновска-Стојчевска.

Министерката додаде дека поради тоа ќе продолжи поддршката за оваа мисија и визија со која светот станува подобро место за живеење и ветува подобро утре.

Гледај го бонус видеото и следи нè на YouTube за вакви содржини секој ден

Можеби ќе ве интересира

Предмалку почуствуван земјотрес од 2.9 степени според рихтер во Македонија – Сеизмолозите излегоа со информации

ДЕСК

Инцидент во угостителски објект во Скопје: Маж нападнат со тврд предмет

ДЕСК

Се запали возило во Скопје

ДЕСК