16.8 C
Скопје
16. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Денеска во ОВA ВРЕМЕ побарајте од Архангел Михаил ИСПОЛНУВАЊЕ НА ЖЕЛБИТЕ – Се верува дека токму во овој час се отвора небото

Денеска, 21 ноември, го славиме Денот на Архангел, ден посветен на светиот Архангел Михаил

Православните верници денеска го слават Свети Архангел Михаил, празник кај народот познат како Архангел. Домаќинствата кои слават мора да имаат празнична свеќа, колач што се пече во домот каде се одржува прославата и секако жито.

Свети Архангел Михаил е симбол на борбата против злото, а на иконите и фреските е претставен како небесен воин во воена опрема, со меч, копје и зол дух кој, врзан со синџири, лежи пред неговите нозе.

Неговиот култ настанал во III век и се развил најпрво во Фригија. Како празник, Денот на Архангел е востановен еден век подоцна, во времето на Силвестер Први Римски и патријарх Александар Александриски.

Луѓето веруваат дека времето на Аранѓеловден покажува како ќе биде во текот на зимата и пролетта. Се верува дека овој зимски светец талка наоколу преправен во просјак и ги води неверниците на вистинскиот пат. Во некои делови на Балканот се смета за заштитник на сточарите.

Не заборавајте да одите во црква денес и да запалите свеќа. Моли се на твојот ангел. На овој ден замолете го ангелот да ви ја исполни најдлабоката и најважна желба. Отворете ја душата и срцето, споделете радости и таги и конечно заблагодарете се. Небото прима молитва цел ден.