Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Сајкоски од ВМРО-ДПМНЕ признава дека со национализмот ги бркаат младите од Македонија

„Ние трчајќи по национална еуфорија, голем дел од регионите во Македонија ги испразнивме. Наместо да се фокусираме кон економија, подобро образование и здравство и кон квалитетен живот, сите ако се фокусираме кон ваква еуфорија, национална и да ветуваме и да бараме“ рече генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓоршија Сајкоски во „Клик плус“ на ТВ21.

Тој во неговото гостување призна дека во предизборите се заострува и потенцира ваквата реторика и како што рече, еуфорија.

„Јас жалам зошто е тоа така. Ние треба да понудиме подобра економија на граѓаните за да ги задржиме тука, бидејќи никој не оди од тука во Германија за да има подобра химна или да има застапеност од не знам колку посто и каде“ рече Сајкоски.

Партијата на Сајковски, ВМРО-ДПМНЕ е партија која е препознаена по употреба на национални и националистички теми во изборни партиско-политички цели.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Германските компании се партнери во трансформацијата на македонската економија

C +

Кузеска: Само ВМРО-ОКГ се богати, додека граѓаните едвај преживуваат

C +

Тошковски за денот на македонската полиција: Модернизација, реформи и бескомпромисна борба против криминалот, градиме модерна и професионална европска полиција

C +