Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

90 санкционирани возачи на територијата на општина Шуто Оризари во Скопје

-Во текот на вчерашниот ден (19.11.2023) во периодот од 16.00 до 21.00 часот Секторот за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на територијата на општина Шуто Оризари во Скопје, за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, соопшти МВР.

При контролата санкционирани се 90 возачи, од кои 30 за возење без возачка дозвола, пет санкции поради измината важност на сообраќајната дозвола, шест мерки за непрописно вградени фолии (затемнети стакла), шест санкции за возење без лекарско уверение при вршење јавен превоз… На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци, соопшти полицијата.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

ВЛАЖЕН БРАН ЌЕ ЈА ПОГОДИ МАКЕДОНИЈА, ЌЕ ДУВА И СИЛЕН ВЕТЕР: Метеоролозите со нови најави за времето во следните 4 дена

ДЕСК

Грабеж во центарот на Скопје: Малолетно девојче ограбено на автобуска постојка во најголемите гужви, арамија и’ го зело телефонот

ДЕСК

Серија физички пресметки низ угостителски и други места низ Скопје – во еден случај маж бил удиран со кундак од пиштол

ДЕСК