Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

(ФОТО) При претреси во Скопје пронајдени кокаин, екстази, кристал мет и марихуана, приведени двајца дилери

-Вчера во Скопје, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи при МВР, во координација и заедничка акција со полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје ги лишиле од слобода К.К.(35) од Скопје и Љ.Б.(30) од Штип, со привремен престој во Скопје, соопшти МВР.

-Имено, по преземени мерки и активности, околу 16.00 часот на подрачје на Кисела Вода, полициски службеници извршиле преглед над К.К. во близина на неговиот дом при што биле пронајдени 50 таблети екстази, кокаин и едно пакување со синтетичка дрога кристал мет. Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом и биле пронајдени предмети поврзани со кривичното дело. Вчера, исто така, по добиена судска наредба, бил извршен и претрес во домот во кој престојува Љ.Б., при што биле пронајдени и одземени околу четири килограми марихуана, околу 100 грама кокаин, едно пакување со синтетичка дрога кристал мет, околу 500 таблети екстази и дигитална вага. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со ОЈО Скопје, против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, соопшти МВР.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК