26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Вицепремиерот Битиќи оствари средба со словенечкиот амбасадор Прескер

Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи се сретна со амбасадорот на Република Словенија во нашата земја, Грегор Прескер.

Заедничка констатација на средбата беше дека билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Република Словенија во континуитет се пријателски и без отворени прашања, базирани на традиционално пријателство, силно стратешко партнерство и долгогодишна конструктивна соработка и поддршка како на политички така и на економски план.

Република Словенија е 5-ти по ред инвеститор во нашата земја со околу 6.9 % од вкупниот прилив на странски директни инвестиции.

Вицепремиерот Битиќи и словенечкиот амбасадор, ја изразија нивната посветеност за продолжување на ваквата одлична соработка, за што Прескер изрази задоволство за еднаквиот третман кои странските инвеститори го имаат со домашните компании во Северна Македонија.

Амбасадорот Прескер ја изрази и безрезервната поддршка на Словенија за Северна Макдонија во делот на помош за поефикасно спроведување на Кластер 2, Внатрешниот пазар на ЕУ, и за Кластер 3 „Конкурентност и инклузивен раст“, за која вицепремиерот Битиќи рече дека е добредојдена.

На средбата, вицепремиерот Битиќи и амбасадорот Прескер разговараа и за можноста за соработка за враќање на младите во нашата земја, при што Битиќи рече дека преку процесот на Националната развојна стратегија (НРС), младите за прв пат ќе добијат јасна слика каде ќе биде нашата земја во наредните 20 години, и така да го најдат својот дел во општеството преку креирање на високо платени работни места за младите.