Новиот дигитален граничен систем на Европската Унија (EES) погрешно поврза идентични близнаци, по што Британка беше приведена на границата, бидејќи системот покажа дека не го регистрирала својот излез од Шенген зоната, објави бриселскиот „Политико“.
EES, кој требаше да ги замени печатите во пасошите со база на податоци за биометриски информации, почна да се спроведува на 10 април, по години одложувања, а оттогаш патниците се соочуваат со долги чекања за скенирање на лице и земање отпечатоци од прсти.
Ова е најновиот во низата проблеми со EES, за кои претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, овој месец призна дека има нерешени „технички проблеми“ и дека „сè уште е потребна многу работа“, пишува „Политико“.
Системот, кој треба да ги замени физичките печати во пасошите со биометриска база на податоци на ЕУ, беше воведен на 10 април, објави порталот, по четири години одложување. Оттогаш, патниците се жалат на доцнења додека чекаат скенирање на лицето и отпечатоци од прсти, но долгите редици не се единствениот проблем.
Еден од необичните случаи се случи кон крајот на мај, кога Британка, вработена во „Политика“, беше приведена на аеродромот Клуж-Напока во Романија на враќање кон Велика Британија.
Граничните власти ја обвинија дека била во Шенген зоната подолго од дозволеното, бидејќи системот покажал дека нејзиното претходно излегување од зоната не е евидентирано.
Проблемот се појавил бидејќи во системот била регистрирана посета на Амстердам во април, но таа посета не ја извршила таа, туку нејзината сестра близначка.
Жената им објаснила на граничните службеници дека има сестра близначка, но првично се сомневала дека го користела својот пасош.
По околу 15 минути испрашување, ѝ било дозволено да го продолжи своето патување.
Експертите велат дека е можно системот да ги помешал двете жени врз основа на сличноста на биометриските податоци, додека граничните власти можеби направиле дополнителна грешка, бидејќи не ги провериле сите достапни податоци, вклучувајќи го пасошот и отпечатоците од прсти.
Професорката по сајбер политика на Универзитетот во Луксембург, Ниови Вавула, процени дека е можно да имало проблем со регистрацијата на излез во Амстердам и несоодветна контрола во Романија.
Таа изјави дека патниците не треба да можат да се идентификуваат само врз основа на фотографија од нивното лице, туку и со користење на други податоци.
Европската комисија објави дека не коментира поединечни случаи, но наведе дека земјите-членки се одговорни за податоците внесени во системот и дека патниците имаат право да побараат корекција на личните податоци доколку сметаат дека се неправилно обработени, пренесува Танјуг./Извор:Makfax


