Регионалниот ЦУК Скопје, информира дека пожарникарите од БППЗ на град Скопје во изминатото деноноќие имал две помали интервенции во градот и околината.
Регионалниот ЦУК Велес, известува дека пожарникарите од ТППЕ Свети Николе во период од 16:20 до 18:00 часот, со два пожарникара и едно противпожарно возило интервенирале на запалена ниска вегетација покрај патот Свети Николе – Штип, конкретно под надвозникот кај село Ерџелија.
Регионалниот ЦУК Тетово, известува дека пожарникарие од ТППЕ Тетово во период од 14:55 до 15:30 часот, со седум пожарникари и две противпожарни возила интервенирале на запалени отпадоци во близина на с.Гајре.
Кон Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК имало вкупно 1.650. „Реални“ повици за итни случаи биле 45,03%, а 54,97% биле други, именувани како „неитни повици“, што биле за други потреби на граѓаните – или едноставно не биле итни. Со примањето во ЦУК на овие други повици се растоваруваат од повици службите коишто се за итно интервенирање. Кон Полицијата биле упатени 45,50% од повиците, кон Итната медицинска помош 44,95%, а кон пожарникарите биле упатени 4,95%. Кон ЦУК имало 3,60% од итните повици, што е во рамки на просекот од 3% до 10% што ги решава Центарот, секако заедно со 60 % другите, 60 % – именувани и како „неитни повици“. Поточно , примарно ги координира итните случаи чија природа на настан „бара“ комбинирано дејствување на повеќе институции или служби во државата, а другите повици што не се итни ги решава согласно нивната природа, директно со упатства до граѓаните каде треба да се обратат за проблемот што се јавуваат или ги информира институциите и службите од Системот за управување со кризи за понатамошно нивно постапување за решавање на таквите случаи што се во нивна надлежност.