Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

ЗНМ и ССНМ денес со новинарски протест пред граѓанскиот суд

Здружението на новинари на Македонија и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници денес (17 ноември 2023) со почеток во 11:00 часот организираат новинарски протест пред Граѓанскиот суд во Скопје.

Протестот, како што објавија новинарските организации, се однесува на судската пракса што беше воведена со пресудата против ИРЛ, каде што судот си одреди улога да решава кој смее, а кој не смее да работи како новинар.

„Сметаме дека е нанесена неправда со оваа пресуда, факт заради кој решивме гласно да го кажеме ставот на новинарите“, се вели во повикот за протест на ЗНМ и ССНМ.

И Институтот за медиуми и аналитика ИМА се приклучи на овој повик и изрази безрезервна поддршка за денешниот протест.

Извор: Smk.mk

Можеби ќе ве интересира

ЧЕТВРТОК ЌЕ БИДЕ НАЈКРИТИЧЕН: Се очекуваат дожд, грмежи, ветер и можен град

ДЕСК

ПУКАНО КОН ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ ВО ГАЗИ БАБА: Скопјанец приведен по бегство

ДЕСК

ИТНАТА ПОМОШ ПРИЈАВИЛА СЛУЧАЈ ВО СВР СКОПЈЕ: Маж пронајден починат во хотел

ДЕСК