Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Внимание: „Канабис или дијазепам – што создава поголема зависност?“

Во најновата анкета на „Внимание, внимание“ спрведена од Трн.мк граѓаните зборуваа на тема Што мислите, дали Скопје може да биде зелен град, атрактивен за туристи, како и Амстердам?

Некои од граѓаните одговорија потврдно, но заклучија дека е потребна и волја за тоа. Други, пак, немаат верба дека Скопје може да биде зелен град како Амстердам, најмногу заради менталитетот.

На прашањето Дали во Скопје треба да има кафулиња со канабис продукти, за медицински цели и за рекреација? Исто ако во Амстердам? – Повеќето од младите дадоа потврден одговор.

На прашањето – „Канабис или дијазепам – што создава поголема зависност?“ – почест одговор на граѓаните е дека дијазепамот создава поголема зависност, што го покажува и статистиката.

„Дали треба да се овозможи одгледување растенија канабис во саксија за медицинска употреба?“ – И на ова прашање повеќето граѓани, особено младите, одговораат потврдно, а некои укажуваат дека треба да се овозможи и за рекреативна употреба.

Анкетата „Внимание, внимание – зборуваат граѓаните“, се емитува на каналите на „Трн“ (на Фејсбук, YouTube, и на Инстаграм) и нејзината цел е да се чуе гласот на граѓаните, посебно на младите. Гласот на граѓаните нѝ го претставува артистот Дениз Абдула, а продукцијата е на „Трн.мк“.

Извор: Трн.мк

Можеби ќе ве интересира

Маж од Кичево возел иако имал забрана за управување возило и удрил во малолетник, лишен е од слобода, возилото е одземено

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА “УПАДНА” ВО НОЌНИ КЛУБОВИ ВО ОХРИД И СКОПЈЕ: Полицајците тресеа познати локали – констатирано дека клубови точеле алкохол, а обложувалница примало малолетници

ДЕСК

Лишени од слобода 13 возачи за безобѕирно управување возило, од нив шестмина возеле без возачка дозвола

ДЕСК