15. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈА

Советниците на СДСМ поднесоа претставка до ДКСК за скандалот „кумска врска“ во општина Штип

-Денеска советничката група на СДСМ во општина Штип поднесе претставка до Државната комисија за спречување на корупција за скандалот „кумска врска“. Очекуваме во рамки на своите надлежности, ДКСК да постапи, да го истражи скандалот „кумска врска“ во општина Штип и да утврди дали постои судир на интереси, изјави денеска Трајче Стојчевски, советник во Советот на општина Штип и потпретседател на СДММ

-Јавноста е запознаена за овој скандал што ја тресе општина Штип раководена од градоначалникот од ДПМНЕ, Иван Јорданов. Тендер вреден 20.000 евра е доделен од ЈП Исар на фирма на чии сопственици се во роднинска врска со член на Управниот одбор на ЈП Исар, Методи Јорданов, поточно нивни зет. Дополнително освен што е во роднинска врска со сопствениците на фирмата Методи е кумашин токму на градоначалникот на Штип, Иван Јорданов. Повикуваме ДКСК да отвори предмет за скандалот и да утврди, како тоа пари на граѓаните завршуваат во џебовите на семејно-кумските врски во Штип? – рече Стојчевски

Можеби ќе ве интересира

Мобилните царински тимови со 199 случаи на заплени во 2025 – Трикратно зголемен број на откриени прекршочни и кривични дела

ДЕСК

Нова дигитална платформа за поврзување на МВР и Службен весник за побрзо објавување на изгубени лични документи и вадење нови

ДЕСК

Мицкоски: Капацитетите на Армијата се зголемуваат – нови 29 оклопни возила од САД

ДЕСК