Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Почина актерот Мето Јовановски

На 77-годишна возраст денеска почина актерот Мето Јовановски.

Веста ја објави на социјалните мрежи неговиот колега, Драган Спасов-Дац.

„Мето Јовановски се пресели во легендите. Нека му е вечна слава“, напиша Дац на Фејсбук.

Мето Јовановски беше еден од најпознатите македонски театарски, филмски и телевизиски актери. Глумеше во голем број филмови, меѓу кои Среќна нова ’49, Тетовирање, Нечиста крв, Пред дождот, Прашина, Големата вода, Тајната книга, Деца на сонцето. Добитник е на голем број награди и признанија.

Можеби ќе ве интересира

Андоновски: Инвестирањето во технолошките паркови е инвестиција во идеи, талент и иднина

C +

Филипче: Мицкоски лаже, македонскиот јазик е признаен во ЕУ

C +

Мицкоски на 9 мај: Слободата не е подарок – таа е избор, жртва и одговорност

C +