Centar.mk
ЛОКАЛНО

30-ти ноември неработен ден за администрацијата и училиштата во Скопје, претходниот ден скратено работно време

Врз основа на заклучоците донесени на 199 седница на Владата на Република Северна Македонија, одржана на 14.11.2023 година , Министерството за труд и социјална политика известува дека :

Сите вработени во државната и јавната администрација на територијата на градот Скопје на 29-ти ноември 2023 година (среда) ќе работат со скратено работно време до 12:00 часот, а 30-ти ноември 2023 година (четврток) се определува за неработен ден за сите вработени во државната и јавната администрација, на подрачјето на град Скопје. Истиот нема да се одработува.

Оваа одлука се однесува и на основните и средните училишта на подрачјето на град Скопје, меѓутоа напоменуваме дека НЕ се однесува на јавните предучилишни установи и здравствените установи на подрачјето на градот Скопје.Информираме дека истите треба да изработат сопствени планови кои ќе овозможат непречено функционирање на установите.

Се препорачува општините на градот Скопје и Градот Скопје да ги спроведат заклучоците .
Воедно се препорачува на приватниот сектор на подрачјето на Градот Скопје, а особено во подрачјето на Општина Карпош и општините кои гравитираат кон Спортскиот центар „ Борис Трајковски“ и хотелот „Александар Палас“ да ги спроведат заклучоците.

Ваквата одлука е донесена поради 30-от министерски состанок на ОБСЕ, којшто ќе се одржи на 30 ноември и 1 декември 2023 година во Скопје во организација на Министерството за надворешни работи.

Можеби ќе ве интересира

Советникот Матевски: ВМРО-ДПМНЕ да престане со политиканство, советниците на СДСМ со иницијатива за субвенциониран оброк во цело Скопје

ДЕСК

ПОСЕБЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ ВО ОХРИД И СТРУГА – Еве каде ќе има застои и забрана за паркирање

ДЕСК

ДЕЛ ОД КАРПОШ БЕЗ СТРУЈА ОД 9 ЧАСОТ – Денеска планирани прекини во Козле и на „Варшавска“

ДЕСК